Ocenite tekst
Од ноќеска на полноќ поевтинува бензинот „евросупер БС-95“, а цените на „евросуперот БС-98“, „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува 0,50 денари и ќе биде 67 денари за литар.
Цената на „евросупер БС-98“ останува 69 денари, а на дизелот 58,5 денари за литар.
Намалување има и кај малопродажната цена на мазутот М-1 НС за 0,400 и таа ќе изнесува 34,592 денари за килограм.
Цената на маслото за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) останува 58 денари за литар.